Почетна За нас Претплата Семинари Прашања Изданија
 

 

С О В Е Т У В А Њ Е
ЗА
ИЗГОТВУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА СМЕТКА
И ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ

Покана за советување (кликни тука).....
Повеќе информации за х.Пирин Парк (кликни тука).....

Објавено 03.01.2012

 

БОГОЈАВЛЕНИЕ (ВОДИЦИ) - НЕРАБОТЕН ДЕН

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“, бр. 21/98 и 18/07), 19 јануари 2012 година (четврток), Богојавление (Водици), е неработен ден за верниците од православната вероисповед во Република Македонија.

Објавено 16.01.2012

 

ПРОЦЕНТОТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО
ЗА ДЕКЕМВРИ 2011 ГОДИНА Е 4%

Процентот на пораст на цени на мало во декември 2011 година е 4% или коефициентот за директно множење на месечната даночна основа за плаќање на данокот на добивка изнесува 1,040.

Објавено 03.01.2012

 

МЕСЕЧНОТО ЛИЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА 2012 ГОДИНА ИЗНЕСУВА 7.470 ДЕНАРИ

Според Објава на министерот за финансии, месечното лично ослободување за 2012 година изнесува 7.470 денари и ќе почне да се користи со исплатата на јануарската плата за 2012 година па понатаму. Годишното лично ослободување изнесува 89.640 денари.

Објавено 23.12.2011

 

НОВ АНАЛИТИЧКИ КОНТЕН ПЛАН

Почитувани,
Ве информираме дека во подготовка е НОВИОТ  АНАЛИТИЧКИ КОНТЕН ПЛАН за субјектите кои го применуваат Законот за трговските  друштва и Правилникот за водење на сметководство. Цената на  аналитичкиот сметковен план изнесува  1050 ден со вклучен ДДВ.

Објавено 20.12.2011

 

ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИЦИ
ЗА БУЏЕТИ И БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ
И НЕПРОФИТНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Во”Службен весник на РМ”  бр. 175/11 од 19.12.2011 година се објавени следните подзаконски акти:

1. Правилник за дополнување на Правилникот за сметковниот план за буџетите и буџетските корисници („Сл.весник на РМ“ бр. 79/03, 96/04, 98/09, 175/11) се врши само дополнување со нова сметка „716 - Еднократни посебни такси“

2. Правилник за дополнување на Правилникот за содржината на одделните сметки  во сметковниот план за буџетите („Сл.весник на РМ“ бр. 79/03, 96/04, 98/09, 175/11), се врши дополнување на член 40 по зборовите „специфични услуги“ се додаваат зборовите „еднократни посебни такси“

3. Правилник за изменување на Правилникот за обликот и содржината на билансот на состојбата и билансот на приходите и расходите за буџетите и буџетските корисници („Сл.весник на РМ“ бр. 79/01, 74/04, 109/05, 88/09, 175/11), во Билансот на приходите и расходите, како за буџетите исто така и за буџетските корисници се додаваат два редни броеви во приходниот пел „716 - Еднократни посебни такси“ и „743 - Капитални донации“

4. Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за сметководството за буџетите и буџетските корисници („Сл.весник на РМ“ бр. 28/03, 62/06, 8/09, 175/11):
Членот 16 став (2) се менува и гласи:
„Буџетите, буџетските корисници и единките корисници го организираат водењето на сметководство и деловните книги одделно за сметки за средства од донации (48); за сметките за средства од програмите за здравствена заштита, сопствено учество на осигурените лица во цената на здравствената услуга и други средства од сопствени приходи (531); за сметките за средства од Фондот за здравствено осигурување (730 и 737); за сметките на основниот буџет (603, 630, 631 и 637); за сметките на буџетот на фондовите (660); за сметките на буџетот на донации (785); за сметките на буџетот на заеми (786); за сметките на буџетот од самофинансирачки активности (787 и 788); за сметките на приходите и расходите на буџетот на дотации (930, 937 и 903); за сметките за самопридонес на општините (784); за депозитните сметки (696) и за наменските сметки (697 и 789) и за истите изготвуваат финансиски извештаи, завршни сметки и други податоци согласно закон.“
Членот 28 став (1) се менува и гласи:
„Буџетите и буџетските корисници вршат ревалоризација на долгорочните материјални и нематеријални средства при нивно повлекување од употреба и оттуѓување или поради повторно вреднување со пораст на продажните цени на производители на индустриски производи на домашниот пазар според податоците на Државниот завод за статистика.“
Во истиот член ставот (4) кој станува став (3) се менува и гласи:
„Ревалоризацијата на долгорочните средства кои се расходувани или оттуѓувани во текот на пресметковниот период, се врши така што сите состојби на долгорочните средства од претходната година се множат со индексот на кумулативниот пораст на цените на производителите на индустриски производи на домашен пазар од почетокот на пресметковниот период до крајот на месецот во кој средствата се расходувани или оттуѓувани.“
И во член 28-а по ставот (1) се додава нов став (2) кој гласи:
„(2) Пресметките на ревалоризација составени на обрасците од став (1) на овој член служат како основ за внесување на податоци во деловните книги“.

5. Правилник за дополнување на Правилникот за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетските корисници („Сл.весник на РМ“ бр. 79/03, 96/04, 98/09, 175/11), се врши дополнување на член 43-а по зборовите „специфични услуги„ се додаваат зборовите „еднократни посебни такси“ и

6. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за сметководството на непрофитните организации („Сл.весник на РМ“ бр. 42/03, 08/09, 175/11) во член 22 став (2) бројот „100“ се заменува со бројот „300“.
Во членот 29 ставот (5) кој станува став (4) се менува и гласи:
„Ревалоризацијата на долгорочните средства кои се расходувани или оттуѓувани во текот на пресметковниот период, се врши така што сите состојби на долгорочните средства од претходната година се множат со индексот на кумулативниот пораст на цените на производителите на индустриски производи на домашен пазар од почетокот на пресметковниот период до крајот на месецот во кој средствата се расходувани или оттуѓувани.“
Во членот 29-а по став (1) се додава нов став (2) кој гласи:
„(2) Пресметките на ревалоризација составени на обрасците од став (1) на овој член служат како основ за внесување на податоци во деловните книги.

Правилниците  влегуваат во сила од 20 декември 2011.

Објавено 20.12.2011

 

ИЗМЕНЕТ И ДОПОЛНЕТ ПРАВИЛНИКОТ ЗА ГОДИШНАТА СМЕТКА
И НОВ ПРАВИЛНИК ЗА СМЕТКОВНИОТ ПЛАН

Во ” Службен весник на РМ” бр. 174/11 објавени се следниве правилници:

  1. Правилник за изменување и дополнување на правилникот за формата и содржината на годишната сметка
  2. Правилник за сметковниот план и содржината на одделните сметки во сметковниот план

Правилниците влегуваат во сила од 17 декември 2011 година.
Со Правилникот за сметковниот план и содржината на одделните сметки во сметковниот план, се пропишува сметковниот план и содржината на одделните сметки во сметковниот план за субјектите кои сметководството го водат согласно Законот за трговските друштва и Правилникот за водење сметководство.
Овој Правилник не се однесува на субјектите чие работење се уредува со посебен закон и доколку со друг пропис се пропишани посебни сметковни планови.
Сметковниот план и содржината на групите и на одделните сметки во сметковниот план како и споредбениот преглед на сметките во сметковниот план се составен дел на Правилникот.

Објавено 16.12.2011

 

НОВИ ПРАВИЛНИЦИ ЗА  ДДВ ПРИЈАВА  И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА


Во ” Службен весник на РМ” бр. 173/11 објавени се следниве правилници:

  1. Правилник за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност
  2. Правилник за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и спречување на двојното ослободување или двојното оданочување.

Со  Правилникот  за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност пропишан е  новиот образец  ДДВ-04 (даночната пријава на данок на додадена вредност) .
Со  Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и спречување на двојното ослободување или двојното оданочување, пропишани се следниве нови обрасци:

  1. ДБ - даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи
  2. ДБ-ВП - даночен биланс на вкупен приход
  3. ДД-ИД – пресметка на данок за исплатена дивиденда и друга распределба од добивката
  4. ЗД-О/ДП – барање за ослободување од данокот на други приходи
  5. ЗД-О/КА – барање за олеснување односно ослободување од данок на камата
  6. ЗД-ДО – за даночно ослободување
  7. ЗД-О/АП – барање за одеснување односно ослободување од данокот на приход од авторски права
  8. ЗД-О/ДИ – барање за олеснување односно ослободување од данок на дивиденда
  9. ЗД-В/АП – барање за враќање на данок на приход од авторски права
  10. ЗД-Б/ДП – барање за враќање на данок на други приходи
  11. ЗД-В/ДИ-барање за враќање на данок на дивиденда
  12. ЗД-В/КА – барање за враќање на данок на камата
  13. ДД-И- извештај за уплатениот данок по задршка

Правилниците влегуваат во сила од 16 декември 2011 година.

Објавено 16.12.2011

 

ПРОЦЕНТОТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО
ЗА НОЕМВРИ 2011 ГОДИНА Е 3,9%

Процентот на пораст на цени на мало во ноември 2011 година е 3,9% или коефициентот за директно множење на месечната даночна основа за плаќање на данокот на добивка изнесува 1,039.

Објавено 02.12.2011

 

ПРОЦЕНТОТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО
ЗА ОКТОМВРИ 2011 ГОДИНА Е 3,8%

Процентот на пораст на цени на мало во октомври 2011 година е 3,8% или коефициентот за директно множење на месечната даночна основа за плаќање на данокот на добивка изнесува 1,038.

Објавено 01.11.2011

 

ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНИ ПРЕГЛЕДИ НА
ВРАБОТЕНИТЕ ОД 18 НА 24 МЕСЕЦИ

Во „Службен весник на РМ„ бр. 136/11 објавен е Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, според кој рокот за здравствени прегледи на вработените е променет.
Здравствените прегледи на вработените наместо на секои 18 месеци ќе се извршуваат на секои 24 месеци.
Законот влезе во сила и се применува од 11 октомври 2011 година.

Објавено 04.10.2011

 

ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ЗАКОНИ

Во „Службен весник на РМ„ бр.135/11 објавени се дополнувања и измени на повеќе закони:

- Закон за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност
- Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка
- Закон за дополнување на Законот за акцизите
- Закон за изменување и дополнување на Закон за хартии од вредност
- Закон за дополнување на Законот за ревизија
- Закон за дополнување на Законот за девизното работење
- Закон за изменување и дополнување на Законот за персонален данок на доход

Според измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност:

  • од 11 октомври 2011 повластена даночна стапка од 5% ќе се применува на услугите на сместување (ноќевање) или сместување со појадок, полупансион или полн пансион, за сите видови на комерцијални угостителски објекти,
  • продолжува примената на повластената даночна стапка од 5% за првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели во рок до пет години по изградбата. Повластената стапка од 5% ќе продолжи да се применува до 31 декември 2015 година.

Објавено 04.10.2011

 

ПРОЦЕНТОТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО
ЗА СЕПТЕМВРИ 2011 ГОДИНА Е 3,8%

Процентот на пораст на цени на мало во септември 2011 година е 3,8% или коефициентот за директно множење на месечната даночна основа за плаќање на данокот на добивка изнесува 1,038.

Објавено 03.10.2011

 

НОВО! НОВО! НОВО!

КОНСАЛТИНГ БС
ВИ НАЈАВУВА ДЕКА НАСКОРО ЌЕ ИЗЛЕЗАТ ОД ПЕЧАТ СЛЕДНИВЕ ДВЕ КНИГИ:

1. ПРИРАЧНИК ЗА ПРИМЕНА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ЗА
ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ СУБЈЕКТИ
(СО ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ И КНИЖЕЊА)

Прирачникот е наменет за сите микро, мали и средни субјекти кои од 1 јануари 2012 година мора да го водат сметководството во согласност со Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.

2. ПРИРАЧНИК (КОМЕНТАР) НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Објавено 14.09.2011

 

ПРОЦЕНТОТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО
ЗА АВГУСТ 2011 ГОДИНА Е 3,8%

Процентот на пораст на цени на мало во август 2011 година е 3,8% или коефициентот за директно множење на месечната даночна основа за плаќање на данокот на добивка изнесува 1,038.

Објавено 01.09.2011

 

СЛОБОДНО РАБОТНО МЕСТО

КОНСАЛТИНГ БС, има потреба до дипломиран правник со работно искуство од минимум 2 години. Сите заинтересирани своето CV можат да го достава на нашата e-mail адреса info@konsaltingbs.com.mk.

Објавено 26.08.2011

 

НАЈАВЕНИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ И ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА

Со предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност ќе се воведе повластена стапка на ДДВ (5%) на прометот на:
1. сурово масло за производство на храна за човечка исхрана и
2. услуги на сместување (ноќевање), или сместување со појадок, полупансион или полн пансион, во сите видови комерцијални угостителски објакти.

Со предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка:
Трговските друштва класифицирани како мали и микро трговци и правните лица резиденти на РМ кои водат сметководтво и изготвуваат годишни сметки согласно Законот за трговски друштва, можат да бираат дали да плаќаат годишен данок на вкупен приход (или данок на добивка) ако вкупниот приход е од 3.000.001 денари до 6.000.000 денари. Стапката на данокот на вкупен приход изнесува 1%. Овие субјекти во наредните три години (вклучувајќи ја и годината за која се плаќа данокот) доколку во наредните три години остваруваат вкупен приход од 3.000.001 до 6.000.000 денари не може да го менуваат начинот на оданочување.
Ако вкупниот приход е до 3.000.000 денари, не се пресметува и плаќа, ниту данок на вкупен приход, ниту данок на добивка.

Овие предложени измени ќе се применуваат по нивното усвојување од Собранието на РМ и објавувањето во Службен весник на РМ.

Објавено 15.08.2011

 

НОВ ПРАВИЛНИК ЗА ПОПИС И
ПРАВИЛНИК ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ВОДЕЊЕ СМЕТКОВОДСТВО

Во „Службен весник на РМ“, бр. 107/11 објавени се:

  • Правилник за начинот за вршење на попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба утврдена со пописот и
  • Правилник за дополнување на Правилникот за водење сметководство.

Правилникот за начинот на вршење на попис..... влезе во сила и се применува од 11 август 2011 година.

Со Правилникот за дополнување на Правилникот за водење сметководство се пропишува Меѓунардониот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти. Меѓународниот стандард за финансиско извесување за мали и средни субјекти ќе се применува од 1 јануари 2012 година.

Објавено 15.08.2011

 

ПРОЦЕНТОТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО
ЗА ЈУЛИ 2011 ГОДИНА Е 3,8%

Процентот на пораст на цени на мало во ЈУЛИ 2011 година е 3,8% или коефициентот за директно множење на месечната даночна основа за плаќање на данокот на добивка изнесува 1,038.

Објавено 03.08.2011

 

НОВ ОБРАЗЕЦ ПП 50 И ПРОМЕНИ ВО ШИФРИТЕ НА ПЛАЌАЊЕ
КАЈ ЕДИНСТВЕНИТЕ ПЛАТНИ ИНСТРУМЕНТИ

Во „Службен весник на РМ„ бр. 18/11 објавено е Упатство за изменување на Упатството за формата и содржината на платните инструменти за вршење на платниот промет во земјата кое се применува од 01 јули 2011 година. Измените во Упатството се однесуваат на:

  • шифрите на плаќање кај единствените платни инструменти и
  • замена на образецот ПП-50 - Налог за плаќање јавни приходи со нов образец.

Значи, од 01 јули 2011 година се применува нов Образец ПП 50. Единствената разлика помеѓу стариот и новиот образец ПП 50 е во делот примач, каде текстот „сметка на буџетски корисник - единка корисник„ се заменува со текстот „сметка на корисник„.

Кај шифрите на плаќање се БРИШАТ следниве шифри:

013, 021, 041, 070, 071

103

291

300, 310, 320, 330, 340, 350, 360, 370

400, 432, 433 434, 435, 436, 440, 441, 442, 443, 445, 446, 447, 449, 451, 452, 453, 455, 466,
473, 474, 477, 478, 480, 481, 482, 483, 484, 485, 487, 488, 490, 492, 495, 496, 497, 498

501, 502, 503, 504, 505, 506, 507, 508, 523, 524, 531, 533, 534, 535, 536, 542, 550, 551, 553

601, 613, 614, 615, 616, 617, 624, 633, 634, 635, 636, 637, 638, 640, 651, 652, 654, 662, 664, 665, 673, 675

901, 905

Објавено 2011

 

ПРОЦЕНТОТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО
ЗА ЈУНИ 2011 ГОДИНА Е 3,8%

Процентот на пораст на цени на мало во ЈУНИ 2011 година е 3,8% или коефициентот за директно множење на месечната даночна основа за плаќање на данокот на добивка изнесува 1,038.

Објавено 01.07.2011

ПРОЦЕНТОТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО
ЗА МАЈ 2011 ГОДИНА Е 3,7%

Процентот на пораст на цени на мало во мај 2011 година е 3,7% или коефициентот за директно множење на месечната даночна основа за плаќање на данокот на добивка изнесува 1,037.

Објавено 01.06.2011

 

ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ЗАКОНИ

Во Службен весник на РМ бр. 53/11 објавени се измени и дополнувања на повеќе Закони и тоа:

  1. Закон за изменување и дополнување на Законот за финансиски друштва
  2. Закон за дополнување на Законот за даноците на имот
  3. Закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки
  4. Закон за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка
  5. Закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задложително социјално осигурување
  6. Закон за дополнување на Законот за едношалтерски систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица
  7. Закон за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност
  8. Закон за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност
  9. Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на занаетчиска дејност
  10. Закон за изменување и дополнување на Законот за трговија
  11. Закон за изменување и доплнување на Законот за земјоделска дејност
  12. Закон за дополнување на Законот за шумите
  13. Закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај
  14. Закон за изменување и дополнување на Законот на Законот за внатрешна пловидба

Во Службен весник на РМ бр. 55/11 објавен е:
- Закон за изменување на Законот за акцизите

Во Службен весник на РМ бр. 52/11 објавен е:
- Правилник за формата и содржината на Годишната сметка

Во Службен весник на РМ бр.47/11 објавен е:
- Закон за изменување и дополнување на Законот на данокот од добивка,
- Закон за дополнување на Законот за работни односи

Повеќе во нашите печатени списанија.

Објавено 19.04.2011

 

ПРОДОЛЖЕН Е РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА
ПРИЈАВА ЗА УПИС НА ЕЛЕКТРОНСКА АДРЕСА (E-MAIL АДРЕСА)
НА ОБРАЗЕЦОТ ПП ДО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во „Службен весник на РМ“ бр. 17/11, објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица.
Според измените во Законот и објавата на Централниот регистар на РМ, ОБВРСКА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА АДРЕСА НА ЕЛЕКТРОНСКО САНДАЧЕ (E-MAIL АДРЕСА ) ИМААТ:

- субјектите запишани во трговскиот регистар и
- субјектите запишани во регистарот на други правни лица.

Според службената информација објавена на web страната на Централниот регистар (www.crm.com.mk) се продолжува рокот за пријавување на електронска адреса преку образецот ПП и после 1 април 2011 (без притоа да се прецизира до кога е крајниот рок) без надомест. Приемот се врши секој работен ден од 8.30 до 13.30 часот.

Во образецот ПП се пополнуваат само 1 и 5 страна.

Образецот се пополнува на машина за пишување или на печатар.

Преземи образец ПП (пријава на промена)

Види пример за пополнет образец ПП и пропратно писмо

Објавено 25.03.2011

 

НОВА НАРЕДБА И УПАТСТВО
ЗА ЗАБРАНА ЗА СТАВАЊЕ ВО УПОТРЕБА НА ПЛАСТИЧНИ КЕСИ

Министерот за животна средина и просторно планирање, во согласност со Министерот за здравство, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерот за економија донесе нова Наредба за забрана за ставање во употреба на кеси за транспорт на стоки изработени од пластични маси и Упатство за начинот на нејзиното спроведување, кои се објавени во „Службен весник на РМ“ бр. 29/11.

Согласно Наредбата се забранува ставање во употреба на кеси за транспорт на стоки изработени од пластични маси со капацитет за носење помал од 5 килограми и дебелина помала од 21 микрони.

Во употреба може да се стават:

  • кеси за транспорт на стоки изработени од пластични маси кои се користат исклучиво за размерување и пакување на храна и прехранбени производи
  • биоразградливи кеси произведени соодветно пропишаните стандарди за биоразградливост.

Согласно Упатството пластични кеси со капацитет поголем од 5 кг, односно дебелина еднаква на, или поголема од 21 микрони и кои можат да се употребуваат повеќекратно, не се забранети за употреба, но истите не смеат да се даваат бесплатно, туку паѓаат на сметка на купувачот.

Објавено 17.03.2011

 

ПРИЈАВА ЗА ЕЛЕКТРОНСКА АДРЕСА НА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ВО
ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
НАЈДОЦНА ДО 1 АПРИЛ 2011 ГОДИНА

Во „Службен весник на РМ“ бр. 17/11, објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица. Според измените во Законот, сите трговски друштва имаат обврска да поднесат пријава за упис на адреса на електронско сандаче за достава на писмена и други податоци кои се донесуваат во електронска форма преку едношалтерски систем. Рокот за доставување е до 1 април 2011 година. Пријавувањето во овој рок ќе биде бесплатно. Се пополнуваат само 1 и 5 страна на образецот ПП.

Преземи образец ПП (пријава на промена)

Види пример за пополнет образец ПП и пропратно писмо

Објавено 14.03.2011

 

ВРШИТЕЛИТЕ НА САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ ГОДИШНАТА СМЕТКА ЈА
ДОСТАВУВААТ НА НОВИТЕ ОБРАСЦИ Б И ПДД - ДБ

Врз основа на член 65 од Законот за персоналниот данок на доход во „Службен весник на РМ“ бр. 22/11 објавени се: Правилник за изменување на Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на работните книги и на помошната евиденција на даночните обврзници што вршат самостојна дејност и Правилник за изменување на Правилникот за содржината и начинот на составување на годишниот даночен биланс за обврските што вршат самостојна дејност. Со измените на двата Правилника се пропишуваат НОВИ ОБРАСЦИ Б и ПДД - ДБ.
Измените на двата Правилника влегоа во сила од 24 февруари 2011 година и според усните консултации со Министерството за финансии и УЈП треба да се применат и на 15 март 2011 година, односно ќе се применуваат и за изготвување на годишната сметка за вршителите на самостојна дејност за 2010 година.

Повеќе во Билтен бр. 2/2011

Објавено 02.03.2011

 

КОИ ПРАВНИ ЛИЦА НЕ ТРЕБА ДА ПЛАЌААТ РАДИОДИФУЗНА ТАКСА

Во смисла на прецизирање на обврзниците кои треба / не треба да плаќаат радиодифузна такса, објавено е Автентично толкување на Собранието на РМ бр. 07-1052 / 1 од 23.02.2011 на член 146 став 1 алинеја 3 од Законот за радиодифузната дејност „Службен весник на РМ“ бр. 100/05, 19/07, 103/08, 6/10, 145/10).
Доследно на автентичното толкување произлегува дека според член 146 став 1 алинеја 3 од Законот за радиодифузната дејност, РАДИОДИФУЗНА ТАКСА ПЛАЌААТ:

  • трговските друштва (АД, ДОО, ДООЕЛ, ЈТД, КД - командитно друштво и КДА - командитно друштво со акции),
  • стопанските интересни заедници,
  • хотели и мотели, по една радиодифузна такса за секои пет соби и
  • сопственици на угостителски и други јавни објекти опремени со радио или ТВ приемник, за секој приемник плаќаат по една радиодифузна такса.

В А Ж Н О

ПРАВНИ ЛИЦА КОИ НЕ СЕ РЕГИСТРИРАНИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА, ОДНОСНО КОИ ДОБИВААТ СТАТУС НА ПРАВНО ЛИЦЕ СОГЛАСНО СО ДРУГИ ЗАКОНИ НЕМААТ ОБВРСКА ДА ПЛАЌААТ РАДИОДИФУЗНА ТАКСА СОГЛАСНО ОВОЈ ЗАКОН.

Објавено 02.03.2011

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВЛОЖУВАЊАТА ВО И ОД СТРАНСТВО
ДО НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на член 40 став 3 од Законот за девизно работење („Службен весник на РМ“, бр. 34/01... и 54/02) резидентите на Република Македонија до 30 март 2011 година треба да доставува обрасци ДИ - 11 и ДИ - 22 за вложувањата во и од странство.
Резидентите известуваат:

  • на ОБРАЗЕЦ ДИ - 11 вложување во странство за: сопствените вложувања во странство и
  • на ОБРАЗЕЦ ДИ - 22 вложување од странство - за вложувањата на нерезидентите во земјата

Повеќе во Билтен бр. 2/2011

Објавено 02.03.2011

 

НОВА БРОШУРА ЗА МПИН ОД УПРАВА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ

Управата за јавни приходи изготви нова брошура за месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН) која овозможува помош и поддршка при пополнување и доставување на месечните податоци за пресметани плати, придонеси и персонален данок (образец „МПИН“).

повеќе.....

Објавено 02.03.2011

 

ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ПОВЕЌЕ ЗАКОНИ

Во „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 25.02.2011 година објавени се измени и дополнувања на повеќе закони. Измените и дополнувањата се однесуваат на следново:

  • измени на Законот за данокот на додадена вредност,
  • измени на Законот за акцизите,
  • измени на Законот за девизно работење,
  • измени на Законот за трговските друштва,
  • измени на Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници,
  • нов Закон за игрите на среќа и за забавните игри.

повеќе......

Објавено 02.03.2011

 

НОВИ ОБРАСЦИ „ПДД-АДП/КД“, „ПДД-АДП/ПИ“, „ПДД-АДП/СД“, „ПДД-АДП/ДП“

Во „Службен весник на РМ“ бр.15/11 објавен е Правилник за изменување на Правилникот за формата, содржината и начинот на пополнување на аконтативната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход за:

- капитални добивки (ПДД-АДП/КД)
- за приходи од имот и имотни права (ПДД-АДП/ПИ)
- за започнување на остварување на приходи од самостојна дејност (ПДД-АДП/СД)
- за остварени други приходи (ПДД-АДП/ДП)

Правилникот влегува во сила од 10 февруари 2011 година.

Објавено 11.02.2011

 

ПРОМЕНЕТИ ОБРАСЦИ “ДЕ„ ЗА ГОДИШНАТА СМЕТКА ЗА 2010 ГОДИНА

Во Службен весник бр. 13/11 објавен е нов Правилник за изменување на Правилникот за посебните податоци потребни за системот на државната евиденција и за формата и содржината на образецот за државната евиденција.
Со измените во Правилникот пропишани се нови обрасци за државна евиденција (Образец ”ДЕ”) за:

  • субјектите кои не применуваат посебни сметковни планови (големи, средни, мали и микро субјекти)
  • за непрофитните организации
  • за корисниците на средства на Буџетот на фондовите
  • за банките и други финансиски институции

Образецот ДЕ за друштвата за осигурување не е променет.
Правилникот влегува во сила на 5 февруари 2011 година.

Образец ДЕ за банки и други финансиски институции

Образец ДЕ за непрофитни организации

Образец ДЕ за Буџетски корисници и фондови

Образец ДЕ за субјекти кои не применуваат посебни сметковни планови
(големи, средни, мали и микро субјекти)

Објавено 07.02.2011

 

ОСНОВИЦИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСИТЕ ОД ПЛАТА ЗА 2011 ГОДИНА

Најниската основица за пресметка и уплата на придонеси изнесува 15.174,50 денари.
Највисоката основица за пресметка и уплата на придонеси изнесува 121.396,00 денари.
Податокот за образецот МПИН за 2011 (просечна исплатена месечна бруто плата по вработен) изнесува 30.349,00 денари.

Објавено 31.01.2011

 

НАМАЛЕНИ РЕФЕРЕНТНИ КАМАТНИ СТАПКИ

Според Народна банка на Република Македонија референтната каматна стапка се намалува на 4%.
За период од 01.01.2011 до 30.06.2011, стапките на казнена камата се следните:

- 14% во договорите меѓу трговци или трговци и лица од јавното право,
- 12% во договорите меѓу лица од кои барем едното не е трговец.

Објавено 17.01.2011

 

МЕСЕЧНОТО ЛИЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА 2011 ГОДИНА ИЗНЕСУВА 7.316 ДЕНАРИ

Според Објава на министерот за финансии, месечното лично ослободување за 2011 година изнесува 7.316 денари и ќе почне да се користи со исплатата на јануарската плата за 2011 година па понатаму. Годишното лично ослободување изнесува 87.792 денари.

Објавено 05.01.2011

 

ПОДНЕСУВАЊЕ НА МПИН ЗА ДЕКЕМВРИ 2010 ВО ЈАНУАРИ 2011 ГОДИНА

При подесување на МПИН што се однесува на платата за декември 2010 година, треба да се изврши промена на периодот од 2010 година во 2011 година со користење на лично ослободување од 7.035,00 денари.

Објавено 04.01.2011

 

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНА БАНКА

ИНСТРУМЕНТ
КАМАТНА СТАПКА

Референтна каматна стапка (01.07 - 31.12.2011)

4,00 %
Благајнички записи 4,00 %
Ломбарден кредит 5,50 %

 

.

Дневната курсна листа можете да ја превземете од
web страната на Народната банка на РМ.

.

.

 


 Народна банка

Почетна | За Нас | Претплата | Семинари | Прашања | Изданија

Web site by Boban Karanfilovski

This counter provided for free from HTMLcounter.com!
HTMLCounter.com

 

 


КОНСАЛТИНГ БС

02/ 3211-613, 3211-614

факс: 3211-372

 

 
 

ПРОГРАМА НА НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ЗА
2011 ГОДИНА повеќе...

 
ПРОГРАМА НА НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ЗА
2012 ГОДИНА повеќе...
 

КОНСАЛТИНГ БС Е ИМЕНУВАН КАКО
ПОСТОЈАН СУДСКИ ВЕШТАК ОД
ЕКОНОМСКА И ПРАВНА ОБЛАСТ

Со Решение на Основен суд Скопје 2 Скопје (04-Су бр. 1547/2009), КОНСАЛТИНГ БС  е именуван како постојан судски вештак од економска и правна област.
Тоа значи дека КОНСАЛТИНГ БС освен услугите на издавање на стручни списанија од економско – правната сфера, одржувањето на стручни советувања и останатите консалтинг услуги од сферата на економијата и правото, ќе врши и услуги како вештак од економска и правна област.     

Повеќе...


 
Наши изданија
ДАНОЧЕН СОВЕТНИК
ЕКОНОМИКА
БИЛТЕН
ДОДАТОЦИ
ПРИРАЧНИЦИ
   
  К о н т а к т
Телефон/Факс
E-mail
   
  Најнови броеви
ДАНОЧЕН СОВЕТНИК
ЕКОНОМИКА
БИЛТЕН
ДОДАТОЦИ
ПРИРАЧНИК
   
   

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   
   

 

 

МУЛТИМЕДИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА:

 

   

 

 

 

 

 

 

 

 

ДРУГИ ИЗДАНИЈА:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   
   

 

 

ПРЕЧИСТЕНИ ТЕКСТОВИ НА ЗАКОНИ:

 

   
  • Закон за данокот на додадена вредност

 

  • Закон за персоналниот данок на доход

 

  • Закон за данокот на добивка

 

  • Закон за даноците на имот

 

  • Закон за даноците на имот

 

  • Закон за даночна постапка

 

  • Закон за комунални такси

 

  • Закон за регистрирање на готовински плаќања

 

  • Закон за работните односи

 

  • Закон за платниот промет

 

  • Закон за девизното работење

 

  • Закон за ревизија

 

  • Закон за државната ревизија

 

  • Закон за внатрешна ревизија во јавниот
    сектор

 

  • Закон за акцизите

 

  • Закон за чек

 

  • Закон за меница

 

  • Закон за јавните набавки

 

  • Закон за вработување и осигурување во
    случај на невработеност

 

  • Закон за пазарната инспекција

 

  • Општ колективен договор за
    стопанството на РМ

 

итн...

 

   
   

 

 

 

   

ОДЛУЧЕТЕ ПРАВИЛНО ОДБЕРЕТЕ ПРОФЕСИОНАЛНОСТ